Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот
МАКЕДОНИЈА

Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот

Објавено July 2, 2025 20:25
Сподели
Сподели

Koмесарката Марта Кос со вчерашната изјава барем за неколку проценти го крена евроскептицизмот кај македонските граѓани.

Таа се дрзна среде Скопје македонскиот идентитет да го спореди со јадења. Очекуваме кога ќе оди во Софија бугарскиот идентитет да го спореди со некои нивни јадења, српскиот идентитет со „роштиљ“ , а грчкиот со гиро и суфлаки.

Секако дека тоа нема да го направи. Од посетата на нехаризматичната Словенка се уверивме дека на ЕУ не и грижа за македонскиот идентитет и оти секако ќе застане на страната на Бугарија.

А за нас ќе остане пинџурот, погачата,тавче-гравчето полнетите пиперки. Ајварот не го спомена, можеби затоа што нејзината Словенија го патентираше како национален производ.

Кос добро знае дека македонскиот идентитет е македонскиот јазик и народ и оти тоа е она што Бугарија ни го негира. А полнетите пиперки и пинџурот се само македонски јадења и ништо друго.

Еврокомесарката вешто одбегна да одговори дали барањето да ги внесеме Бугарите ќе биде последно барање на офиијална Софија. Секако дека нема да биде, тоа ќе биде само првата отстапка што ќе треба да ја направи, по што ќе следи уште една, па уште една и така во недоглед.

Марта, јас не знам што е твојот словенечки иденитет, иако некогаш бевме во иста држава, но мојот идентитет е Гоце Делчев, Даме Груев, МПЦ, Сандански, Блаже Конески.. а не пиперките.

Марта Кос била соработник на УДБА?

Радио телевизија Словенија (rtvslo) минатата година пишуваше дека Марта Кос во минатото била соработник на југословенската тајна служба УДБА. Беше и објавено и нејзиното кодно име а таа демантираше.

Пред да станам амбасадор во Германија и Швајцарија бев проверена од нивните безбедносни служби. Доколку им штетев на интересите на Словенија никогаш немаше да работам во владата или да бидам амбасадор-изјави Кос за домашните медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“
Следна Статија (ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Авион на „Визер“ кој летал од Скопје до Париз итно слетал во Брисел поради здравствен проблем на патник

Авион на компанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово летал на линијата Скопје до Париз, принудно бил пренасочен кон аеродромот во…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка

„Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница се повлече.  Ова е доказ дека народниот отпор…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?