Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја
МАКЕДОНИЈА

Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја

Објавено September 8, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови таблици во боја. Одлуката ја донесе Владата, на крајот на јули, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

За утре е закажана прес-конференција, на која ќе присуствуваат директорот на СОЗР, Ивица Томовски, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, како и директорите на останатите државни институции, каде ќе бидат промовирани новите службени регистарски таблички.

Целта на оваа мерка, како што информираат надлежните, е зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила.

Преку обележувањето со нови таблички во боја, граѓаните ќе можат лесно да ги разликуваат овие возила од приватните.

Со ова ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, велат од Службата за општи и заеднички работи.

Во наредниот период, ќе биде отворена и посебна телефонска линија. На неа граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените возила.

Секоја пријава, според најавите, ќе биде евидентирана. Институциите ќе постапуваат според важечките законски процедури.

Во завршна фаза е и креирањето на централен регистар на сите службени автомобили.

Овој регистар ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење, соопштија од СОЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!
Следна Статија Од денес достапна – дигитална ризница на македонското историско наследство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ вели дека загриженоста на опозицијата за нашите односи…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

  Во Демир Хисар синоќа полицијата по наредба на јавен обвинител го претресуваше семејниот дом на директорката на средното училиште,…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?