Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани
ХРОНИКА

Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

Објавено March 27, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.

-Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш. Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година, информира МВР.

Од полицијата додаваат дека бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…
Следна Статија Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Шенки Версаче, босот Тоте, убиецот на Оки – кој падна како дел од големата акција на МВР против Беланоца/Барон

Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши од синоќа се…

December 17, 2024
ХРОНИКА

27-годишник од Виница нападнал полициски началник, кога му отишле на претрес имало што да видат – сабји, електрошок…

Вчера во 10.10 часот во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа…

August 9, 2025
ХРОНИКА

Баба влегла кај внукот на час и недолично се однесувала

Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла кај внукот среде час и недолично се однесувала кон него. „На 16.10.2024 во…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Уапсен возач од кумановско, возел со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?