Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Случај „Лажни инвалидски пензии“: 36 обвинети и 13 спогодби, првообвинетата докторка ќе лежи три ипол години затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Случај „Лажни инвалидски пензии“: 36 обвинети и 13 спогодби, првообвинетата докторка ќе лежи три ипол години затвор
ЗДРАВЈЕ

Случај „Лажни инвалидски пензии“: 36 обвинети и 13 спогодби, првообвинетата докторка ќе лежи три ипол години затвор

Објавено July 22, 2025 17:15
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица. Постои основано сомневање дека десетмина од обвинетите сториле кривични дела и тоа: Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, пет лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање поткуп, две лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите 19 лица се обвинети дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп.

Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена за парични средства. Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.

Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.

Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело, од нив на едно лице му се одзема имотната корист која настанала како резултат на извршување на кривичното дело – надоместок за помош и нега од друго лице во вкупен износ од 36.520,00 денари, а на едно лице противправно стекнатата имотна корист од 2360 евра и 81 000 денари.

Со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Битиќи од Собрание со скандалозна навреда за новинар
Следна Статија Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август, вели Гаши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“

Откако минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод…

October 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Најголем број од пациентите со дијабетес се третираат со трета генерација инсулин, вели Клековски

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Колку време може да се јадат велигденските јајца?

Во зависност од тоа дали се на собна температура или во фрижидер, имаат различен рок на траење. Иако духот на…

April 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје. Пријавени се…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?