Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Снаа сакала да ја убие бабата на сопругот – ја гушела со перница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Снаа сакала да ја убие бабата на сопругот – ја гушела со перница
ХРОНИКА

Снаа сакала да ја убие бабата на сопругот – ја гушела со перница

Објавено August 17, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик., соопштија од ОЈО Скопје.

На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа
Следна Статија (Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општа болница во градот, недостига ехо апарат. Се работи за апарат…

October 22, 2024
ХРОНИКА

Се запали автобус на ЈСП: Жената возач го изгасила огнот, па завршила во болница

Денеска (21.07.2025) во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во…

July 21, 2025
ХРОНИКА

СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“,…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Жена предизвикала експлозија при промена на плинска боца во Кичево

Вчера во 11:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата „Влашки…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?