Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“
МАКЕДОНИЈА

Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Објавено May 5, 2025 19:30
Сподели
Сподели

Доајенот на македонското глумиште, актерката Снежана Коневска – Руси е годинашен добитник на наградата за животно дело што ја доделува Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 6 до 13 јуни во Прилеп. Коневска- Руси е добитник заедно со актерите Соња Михајлова и Гоце Тодоровски.

Фестивалот го прифати предлогот на МНТ и на Снежана Коневска-Руси наградата ќе и биде врачена на отворањето на годинашново 59. издание на Фестивалот.

Снежана Коневски-Руси, легенда на македонскиот театар, филм и култура, повеќе од пет децении е дел од театарскиот филмски репертоар во земјава. Нејзината актерска кариера низ децении тивко и непрекинато ниже широк дијапазон на ликови на сцената на МНТ и на другите театарски сцени. Низ војата актерска кариера Коневска-Руси одиграла 48 театарски улоги, 10 улоги во серии и во филмови и 20 режии и асистенции на режија. Таа била и сценарист и водител на голем број детски музички фестивали, синхронизација на неброени цртани филмови и ТВ-проекти, образовни и контактни емисии. Творец е и на голем број проекти за деца, позајмува гласови на ликови во серии за возрасни и за деца, реализатор е на голем број специјални програми на НВО и долгогодишен соработник на ФААТ и ДАФ, Кочани, како селектор, член на жири-комисија и уметнички директор, како и спикер-водител и член на голем број емисии од музички, забавен и водителски карактер и на Детската радиодрама во РТС.

Доб итник е на бројни награди: награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за најдобро актерско остварување за улогата на Маргарита во претставата „Ричард Трети“ во 1991 година, а во 1976 на Фестивалот ја добила наградата за епизодна улога на слепата девојка во претставата „Крчма под зеленото дрво“. Во 1974 е добитник на награда на весникот „Млад Борец“ за најуспешен млад актер за улогата на девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата „Ана Франк”.

Снежана Коневска Руси во 1992 година ја доби наградата „13 Ноември“ на град Скопје за повеќегодишни значајни остварувања во областа на драмската уметност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Фрлена димна бомба врз премиерите на Холандија и на Полска, Шуф ​​и Туск
Следна Статија Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите во Виница

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Маршот на ангелите“, кој се организира во спомен на загинатите во пожарот…

May 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: Трагедијата во Кочани го покажа европското единство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?