Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Снимена планета оддалечена 110 светлосни години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Снимена планета оддалечена 110 светлосни години
СВЕТ

Снимена планета оддалечена 110 светлосни години

Објавено June 26, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за прв пат сними планета надвор од Сончевиот систем, од која е оддалечена 110 светлосни години, објавија научниците.

Веб“ направил директна фотографија од млада планета, тип на гасен џин со големина на Сатурн, која орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, оддалечена околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антил, велат истражувачите.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда, наречена TWA 7, на растојание од околу 52 пати поголемо од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето, а за споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, објавува Ројтерс.

Новооткриената планета и нејзината ѕвезда се екстремно млади – стари околу шест милиони години, во споредба со возраста на Сонцето и нашиот Сончев систем од приближно 4,5 милијарди години.

Повеќето од приближно 5.900 егзопланети откриени од 1990-тите години наваму се откриени со индиректни методи, како што е набљудување на мало затемнување на светлината на ѕвездата кога планета поминува пред неа, наречен метод на транзит.

Помалку од два проценти од планетите надвор од Сончевиот систем се директно фотографирани, како што направи „Веб“ со новоидентификуваната планета.

Иако оваа планета е голема кога се гледа во контекст на нашиот Сончев систем, таа е всушност најмалку масивната планета откриена со директно снимање и 10 пати помала од планетата за која претходно се сметаше дека е најмала.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ
Следна Статија Како српски медицински работник го спасил животот на македонско девојче на плажа во Грција (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет

Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот…

December 4, 2024
СВЕТ

Го нема Путин, не доаѓа ни Трамп: Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема…

May 15, 2025
СВЕТ

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската државна…

December 8, 2024
СВЕТ

Папата од смртната постела се мори за мир во Украина

Папата Франциско, кој е на болничко лекување, испрати порака до Украина, нагласувајќи дека стои со нејзиниот народ и се моли…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?