Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

Објавено December 24, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции.

– Денес пред вас го ставам предлогот за избор на двајца министри со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работа, на клучни ресори од извршната власт, рече Мицкоски.

За Хоџа рече дека кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, дека е со ангажмани во повеќе институции со раководни позиции кои подразбираат одговорност, координација и работа во сложена административна и институционална средина.

– Неговото досегашно професионално искуство обезбедува познавање на процедурите, меѓуинституционална соработка и потребата од усогласување на различни јавни политики. Министерството за животна средина и просторно планирање, има важна улога во креирањето и спроведувањето на политики поврзани со одржливиот развој, националното користење на просторот и заштитата на животната средина. За овој ресор е потребен пристап кој што ќе се темели на законитост, институционална стабилност и континуитет во работењето, што сметам дека кандидатот може да го обезбеди, рече Мицкоски.

За Беким Сали рече дека имал претходно искуство како министер, како и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите помеѓу извршната и законодавната власт, и начинот на функционирање на државните институции.

-Ова искуство е особено значајно за Министерството за европски прашања кое има координативна улога во процесите поврзани со европската интеграција и реформските обврски на државата. Ресорот европски прашања бара систематска работа, усогласување на институциите, и следење на обврските што произлегуваат од националните и европските документи. Очекувањето е дека кандидатот ќе придонесе кон поефикасна координација и институционален пристап во овие процеси, рече премиерот Мицкоски.

Владата што ја води, како што кажа, станува посветена на одговорно, транспарентно и законито вршење на својата работа.

-Наш приоритет е стабилно функционирање на институциите, доследно спроведување на реформите, и создавање услови за подобар квалитет на живот на граѓаните. Секој член на Владата има јасна обврска да работи професионално, отчетно и во рамките на Уставот и законите, со цел да се обезбеди доверба во институциите и континуитет во државните политики, рече Мицкоски.

Од предложените кандидати, додаде премиерот, се очекува своите функции да ги извршуваат професионално, во согласност со Уставот и законите, и во рамки на надлежностите утврдени со закон.

За работата Сали и на Хоџа зборуваа нивните партиски колешки Имерлие Фетаи Салиу и Саранда Имери Стафани, а поддршка за нив искажа и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Претходно Собранието го разреши Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

На дневен ред на 75. седница се и повеќе закони и одлуки во редовна и скратена постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каменот тежи на своето место, ни треба секој Македонец кој може да придонесе за развој на татковината, истакна Мицкоски
Следна Статија Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јане Ченто: Токму Енвер Беџети одлучуваше по жалбите за случајот „27-ми април“

„Сите одлуки кои биле на Енвер Беџети ТРЕБА И МОРА да одат на ревизија.МНОГУ ЧЕСНИ ФАМИЛИИ СЕ УНИШТИЈА ТОКМУ ОД…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еве како изгледа сега Артан Груби (ВИДЕО)

 Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде…

February 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата

Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?