Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Објавено December 16, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Предлогот за негово разрешување што требаше да се разгледува на 76. седница го оцени како политичка одлука. Кажа дека од функцијата што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“. Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

Владата до Собранието пред неколку дена достави предлог за разрешување на државниот јавен обвинител во којшто се посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното обвинителство; неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Собранието 76. седница ќе ја продолжи во 12 и 30 часот поради барање на Рина Ајдари од АА материјалите да бидат преведени на албански јазик, на што претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека сите материјали што доаѓаат се дадени на предвод и тоа може да се провери во системот е-парламент. Претходно за задоцнето пристигнување на материјалите, односно закони за оваа седница реагираше и Борислав Крмов, координарот на Левица

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хонгконшки суд го прогласи Џими Лаи за виновен за седиција и колаборација со странски сили
Следна Статија Зошто Порше премина од воздушно ладење на водено ладење на моторите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните попладне ќе добијат СМС порака, еве за што се работи

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Потребна е длабока реформа во судството, инаку уште ќе треба да им се извиниме

Потребна длабока реформа во судството вели Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во интервју во „Топ тема“…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?