Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС
БАЛКАН

Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС

Објавено March 14, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Пратениците на Народното собрание на Република Српска (РСС) синоќа го усвоија Нацртот на новиот Устав на РС, според кој овој ентитет на БиХ ќе се прогласи за држава, ќе има право на самоопределување, а Советот на народите на РС и потпретседателите на РС се укинуваат.

Според усвоениот нацрт, се укинува  државјанството на Босна и Херцеговина и се споменува само ентитетско државјанство, а се занемарува можноста за влегување во воен сојуз со други држави, како и правото на конфедерација со друга држава.

Предвидено е повторно формирање на Армијата на РС, како и формирање на Високиот судски и обвинителски совет на РС, што би назначувал судии и обвинители во овој ентитет.

За усвојување на нацртот на новиот Устав на РС гласаа 50 пратеници од владејачката коалиција, од вкупно 58 присутни пратеници во собраниската сала при гласањето.

Повеќето пратеници на опозицијата не беа во собраниската сала за време на гласањето, а претходно од седницата беа отстранети сите пратеници на Српската демократска партија (СДС).

За усвојување на Нацртот на новиот Устав на РС беше потребно обично мнозинство, но за конечно усвојување на новиот Устав потребно е двотретинско мнозинство кое владејачката коалиција во РС го нема, како што призна и самиот претседател на РС, Милорад Додик.

Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС синоќа го усвои и Законот за заштита на уставниот поредок на РС, кој по итна постапка го предложи претседателот на РС Милорад Додик.

Со овој закон се предвидува формирање на Специјалното обвинителство на РС, кое ќе има овластување да го уапси секого кого власта ќе го означи како закана за уставниот поредок на РС.

Предвидено е специјалниот обвинител да го именува Народното собрание на РС.

Опозицијата упати низа критики на овој закон, нагласувајќи дека Додик го институционализира прогонот на политичките противници во РС.

Овој закон влегува во сила следниот ден по објавувањето во Службен весник на РС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал: Италијански компании обезбедувале делови со лош квалитет за Боинг 787
Следна Статија Челси „преку ноќ“ се договори со големиот талент на Спортинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик ја нарече БиХ пропадната земја

Кризата во БиХ повторно се отвори со изјавата на лидерот на СНСД, Милорад Додик, кој во подкаст на американската новинарка…

June 13, 2026
БАЛКАН

(Видео) Тепачка во српскиот парламент

Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се…

November 26, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

Објавено е видео на кое се гледа како министерот за земјоделство на Хрватска и вицепремиер, Јосип Дабро, од отворен прозорец…

January 17, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија

Вучиќ ги обиколи штандовите и се сликаше со собраните граѓани. Им се заблагодари за „величествениот пречек“. Ги повика граѓаните да…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?