Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи
ПОЛИТИКА

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

Објавено June 10, 2026 18:41
Сподели
Сподели

Оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи денеска беше констатирана во рамките на 104. собраниска седница.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече дека бил известен оти Фетаи нема да ја образложи оставката и констатира дека согласно членот 246 од Деловникот, на министерот му престанува функцијата.

Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, а за тоа соопшти со објава на својот фејсбук-профил. Тој во објавата напиша дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест.

Фетаи вели дека изминатите две години, додека бил на функцијата, придонел за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото додавајќи дека секогаш има место за повеќе и подобро.

Во оставката до премиерот, која Фетаи ја објави во прилог на фејсбук-статусот, тој изрази благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додава дека во сегашните околности веќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста.

Вицепремиерот Арбен Фетаи веќе подолг период не се појавуваше на работа, а според информации од изминатиот период, последните негови јавни активности како носител на функцијата датираат од март. Во април годинава премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Фетаи лично му пренел оти во иднина не се гледа во владата што тој ја предводи и оти планира да се врати во Брисел, каде што има и претходно професионално искуство.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево
Следна Статија Насилни протести во Белфаст откако барател на азил од Судан изврши напад со нож

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата. Мислам дека треба, но ако…

April 24, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?