Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, претходниот оглас повлечен

Објавено January 21, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Собранието ќе објави нов оглас за член на Судскиот совет, а претходниот оглас се повлекува, информира претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски. Новиот член треба да го замени досегашниот член Селим Адеми.

– Сакам да ја информирам Комисијата дека добив писмено известување од страна на претседателот на Собранието, со кое се укажува дека во согласност со Законот за Судскиот совет на Република Македонија, ќе се објави нов оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија. Предлогот што беше на Комисијата се повлекува и ќе оди со нов оглас, нагласи Сајкоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на 15 јануари нагласи дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет.

– Ќе треба да ги прашате претседателот и членовите на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Најверојатно се на мислење да се повтори огласот затоа што веќе имаме нов закон и ќе треба сите членови да се изберат по новиот закон. Но, тоа мора да го донесат како одлука претседателот и членовите на Комисијата за изборите и именувањата. Сепак, работа е на Комисијата за изборите и именувањата. Кај нив треба да се обратите. Но, како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судскиот совет и тој веќе ги менува правилата на игра – рече тогаш Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шилегов: Актуелното раководство на партијата врши самоубиство со умисла на СДСМ
Следна Статија Четири години затвор за Арифи и една година и десет месеци за Амити во случајот „Геријатрија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Жешко претпладне во Македонија, еве во кој град веќе се измерени над 30 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 11 часот низ мерните станици во Македонија.…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кос задоволна од владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Најмногу снег наврвна во Маврови Анови, најмногу дожд падна во Крушево

Врнежите од снег на планинските места ја зголемија и проширија снежната покривка особено во западниот дел од земјата. Како што…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?