Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија

Објавено December 11, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Советот на Град Скопје ги намали надоместоците на членовите на управните одбори и на надзорните одбори на јавните градски претпријатија, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Намален е и бројот на членовите на одборите.

Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.
Затоа,  донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број. Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале“, обави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во минатото, додаде тој, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.

Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа. Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница. Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари. Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори. Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на 7. Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје. Времето на „како досега“, завршува“, потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вереница поднесе тужба против Royal Caribbean поради смртта на нејзиниот избраник
Следна Статија Дибанца и Рајт го предводеа БЈУ во епско враќање против Клемсон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Можни се рестрикции на вода во Скопје

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?