Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина

Објавено December 26, 2025 13:10
Сподели
Сподели

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

Со заклучокот, кој беше изгласан од советниците со мнозинство од 41 глас „за“, градоначалникот на Град Скопје се задолжува да се обрати до Владата за разгледување на начинот за отпочнување на постапката за дислокација.

Советниците усвоија и заклучок со кој Град Скопје се задолжува да се обрати до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за испитување на работењето на „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи и дали истите целосно ги исполнуваат сите обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Советот за резултатите.

Од Државниот инспекторат за животна средина се бара да изврши серија ненајавени инспекциски надзори врз работењето на „Усје“ и големите индустриски загадувачи со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди и примената на мерки за заштита на животна средина и здравјето на граѓаните.

Меѓу заклучоците усвоени од советниците на Град Скопје е и заклучокот со кој се повикува Општина Кисела Вода, врз основа на наодите и параметрите добиени од МЖСПП и од ДИЖС да води особена сметка при натамошната изработка и усвојување на деталните урбанистички планови и истите да ги земе предвид при идните урбанистички плански постапки. Истата обврска се однесува и на останатите општини во Град Скопје и на Градот Скопје.

По усвојувањето на заклучоците, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им честита на советниците и додаде дека Град Скопје веднаш ќе ги достави до сите релевантни институции.

Вчерашната седница на Советот на Град Скопје, која траеше повеќе од 10 часа, се одржа додека паралелно граѓани протестираа против работата на цементарницата „Усје“ и бараа нејзина дислокација.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новиот Panorama режим на Google Pixel камера: Иновативно решение за фотографирање
Следна Статија Злато доживува најдобра година од времето на претседателот Џими Картер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот на листата на air visual.  Њу Делхи во Индија и Лахоре во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема ризици по безбедноста и суверенитетот на државата од случувањата во Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека согласно информациите со кои располагаат клучните безбедносни институции во…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Кошта

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска престојува во еднодневна…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски уште не е повикан во Обвинителството да даде исказ за прислушувањето и следењето

Премиерот Мицкоски се уште не е повикан да даде исказ во Обвинителството за скандалот со прислушувањето и следењето од страна…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?