Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече Ленче Ристоска медиокритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече Ленче Ристоска медиокритет
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече Ленче Ристоска медиокритет

Објавено January 9, 2026 14:18
Сподели
Сподели

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска против премиерот Христијан Мицкоски, откако тој ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето.

Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ потврдил дека го примиле известувањето од Ристовска и ќе постапуваат според донесениот Правилник за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, односно ќе формираат Комисија која ќе треба да донесе заклучоци. Правилникот беше донесен во ноември минатата година.

„Надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно, законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција“, предвидува правилникот.

Советот формира комисија од тројца членови, која може да прибира податоци и информации за утврдување на околностите. Комисијата може да побара од Мицкоски писмено или усно да се произнесе.

Премиерот Мицкоски во видео интервју ја критикува Ристоска дека таа била најгласна за новите измени на Кривичниот законик.

– Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени на КЗ до Собранието. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните и овозможувале да се досудат, внимавајте, значи они веќе ги осудија луѓево, да се досудат условни казни. А претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот. И сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа – рече премиерот Мицкоски.

Ристоска побара и јавно извинување од премиерот за навредите и професионалните дисквалификации кон неа.

„По однос на интервјуто на премиерот во кое за мене беа изнесени навреди и неосновани професионални дисквалификации, презедов соодветни институционални и лични чекори за заштита на мојата чест, углед и професионална самостојност. Претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум „медиокритет“ со „клиентелистичко-политичка матрица“, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет. Со цел заштита на мојот личен и професионален углед, од Претседателот на Владата писмено побарав јавно извинување и повлекување на спорните наводи. Истовремено, писмено го известив и Советот на јавни обвинители, укажувајќи дека со ваквиот јавен говор се нарушува мојата самостојност во вршењето на јавнообвинителската функција. Нагласувам дека Претседателот на Владата е и претседател и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам како јавен обвинител и има јасен правен интерес од нивниот исход. Поради тоа, овие изјави ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, најави обвинителката Ристоска.

Пред две години обвинителката Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување на влијание и треба да се реформира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Warner Bros одбива преземање на Paramount и им препорачува на акционерите да се фокусираат на Netflix понудата
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не се знае колку македонски студенти студираат во странство

Државата нема увид, колку македонски студенти студираат на странските универзитети, иако секоја година илјадници млади наместо на некои од домашните…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката по повод 23 Октомври: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, потсетувајќи на историското значење на…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?