Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Солзи на Роналдо за последен пат на СП (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Солзи на Роналдо за последен пат на СП (ФОТО)
СПОРТ

Солзи на Роналдо за последен пат на СП (ФОТО)

Објавено July 7, 2026 09:07
Сподели
Сподели

Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф вечерва во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето.

Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо.

Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. минута кога Микел Ојарзабал шутираше откосо, а голманот на Португалија Диого Кошта одбрани.

Португалија возврати четири минути подоцна кога Жоао Кансело упати силен удар откосо од десната страна, но топката заврши над голот.

Минута подоцна во шанса повторно се најде Ојарзабал, а португалскиот голман во 16. минута имаше двојна одбрана по ударите на Ламин Јамал и Алекс Буено.

Завршницата на првото полувреме донесе две шанси за водство на Португалците. Најпрво шпанскиот голман Унаи Симон го одбрани ударот на Кристијано Роналдо во 37. минута, а одбиената топка по ударот на Нуно Мендеш во 41 минута заврши во гредата и се одби во поле.

Второто полувреме беше оскудно со шанси за гол и кога натпреварот се приближуваше до продолженијата, Феран Торес и Микел Мерино кои шпанскиот селектор Де ла Фунте ги внесе во игра во завршницата го креираа победничкиот гол.

Се играше првата минута од судиското продолжение кога по неколку кратки додавања, Фабијан Руиз го пронајде Торес, кој му ја додаде топката на Мерино, а фудбалерот на Арсенал втрчувајќи од втор план во шеснаесетникот ја смести топката зад португалскиот голман.

Португалија до крајот на натпреварот се обиде да го избегне поразот, но ударите со глава на Бернардо Силва и Жоао Невеш за неколку сантиметри завршија покрај голот на Шпанија.

Ова веројатно беше и последниот натпревар на светските првенства на Кристијано Роналдо, кој вечерва го одигра целиот натпревар за Португалија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ни Трамп не е семоќен: Висок пораз на САД против Белгија
Следна Статија Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!

Можеби првпат откако сегашното раководство е на чело на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доаѓа до ситуација во која ќе…

January 17, 2025

Jaмал се огласи по повредата: Ова не е крај, само пауза и ќе се вратам посилен и новата сезона ќе биде подобра

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона Ламин Јамал се здоби со повреда на последниот првенствен натпревар за Барселона во средата…

April 24, 2026
СПОРТ

Стефан Ристовски потпиша за ФК Сараево

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е нов играч на ФК Сараево, потврди клубот на социјалните мрежи. Ристовски кој до…

July 11, 2025
СПОРТ

Ливерпул потврди голема вест: Мохамед Салах потпиша нов договор

Ливерпул денеска ја потврди големата вест која беше објавена пред два дена, кога бројни сигурни извори објавија дека Мохамед Салах…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?