Денеска во Солун се одржа 60-минутен молк, по една минута чест за сите 59 жртви од дискотеката во Кочани и една минута молк за возачот на брзата помош кој почина откако превезе голем број повредни лица.
Тие излегоа на плоштадот „Аристотел“ носејќи транспаренти на кои пишуваше „Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“.