Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“
ХРОНИКА

Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“

Објавено November 1, 2025 20:48
Сподели
Сподели

По веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кој почина во штипскиот затвор, со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи Ивана Југ — сопругата на покојниот Игор Југ, исто така осуден во истиот предмет.

„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Југ.

Таа потсети дека и нејзиниот сопруг Игор не ја дочекал правдата, истакнувајќи дека заминал „со вера дека еден ден вистината ќе победи“.

„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ додава Југ.

Во својата објава таа изрази и сочувство до семејството на Ѓорѓиевски:

„На семејството на Кире им упатувам најдлабоко сочувство. Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Зашто вистината не умира — само чека некој да ја чуе“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајка на еден од загинатите во Нови Сад почнува штрајк со глад
Следна Статија Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје се избира градоначалник во вториот круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тепачка во затворот Идризово

На 15.01.2025 во 13.38 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 14.01.2025…

January 16, 2025
ХРОНИКА

Се шверцал добиток од Македонија во Албанија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ – Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало…

September 6, 2025
ХРОНИКА

Покрај Штекли, кривични за уште 13 лица од неговата нарко група

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?