Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Робин Вилијамс проговори за неговата болест и самоубиство: „Мозокот му се распаѓаше“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Сопругата на Робин Вилијамс проговори за неговата болест и самоубиство: „Мозокот му се распаѓаше“
ЗАБАВА

Сопругата на Робин Вилијамс проговори за неговата болест и самоубиство: „Мозокот му се распаѓаше“

Објавено August 13, 2025 10:05
Сподели
Сподели

На 11 август 2014 година, светот го загуби еден од своите најомилени актери и комичари – Робин Вилијамс. Неговата смрт во семејниот дом во Калифорнија беше шок за милиони обожаватели низ целиот свет.

Официјалните извештаи потврдија дека тој извршил самоубиство, но вистинaта за причините за неговото страдање стана позната дури по обдукцијата. Првично се претпоставуваше дека Вилијамс страдал од тешка депресија, а некои медиуми дури тврдеа дека се вратил на алкохолизмот, за кој успешно бил лекуван години претходно. Сепак, неговата сопруга, Сузан Шнајдер Вилијамс, одлучи да ја открие вистината.

Таа рече дека во месеците пред неговата смрт, Робин покажувал загрижувачки невролошки симптоми: несоница, ненадејни промени во расположението, халуцинации, губење на меморијата, интензивна анксиозност и параноја. Неговиот карактер, познат по топлина и интелектуален увид, одеднаш се променил.

На Робин му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, но таа дијагноза не ги објаснуваше сите симптоми. Дури по неговата смрт, обдукцијата откри дека страдал од дифузна деменција со Левиеви тела – прогресивна и разорна невролошка болест предизвикана од абнормално натрупување на протеинот алфа-синуклеин во мозочните клетки. Оваа болест е втора најчеста форма на деменција, по Алцхајмеровата болест, и е познато дека предизвикува комбинација од когнитивни, психијатриски и моторни симптоми.

„Мозокот на мојот сопруг буквално се распаѓаше. Болеста беше како терорист што го носеше во себе. Луѓето многу зборуваат за менталното здравје, но не доволно за мозочните болести. Робин немаше психолошки проблем, туку невролошка болест“, изјави Сузан во интервју за „Гардијан“.

Првите симптоми се појавиле речиси незабележливо – болки во стомакот, проблеми со варењето, треперење на рацете. Потоа дошло до несоница, која го исцрпувала ноќ по ноќ. Набрзо почнале халуцинации и епизоди на конфузија.

„Стана параноичен, што не беше карактеристично за него. Оваа болест е ужасно збунувачка – симптомите постојано се менуваат, понекогаш исчезнуваат, а потоа се враќаат во нова форма. Ова ги збунува и семејството и лекарите“, се присети Сузан.

Вилијамс планирал да оди во специјализирана установа за неврокогнитивни тестови, но една недела пред планираниот прием, си го одзеде животот. Неговата сопруга верува дека мислел дека трајно ќе биде хоспитализиран и дека никогаш повеќе нема да му биде дозволено да се врати дома.

По неговата смрт, Сузан стана страствен застапник за подигање на свеста за деменцијата. Таа истакна дека депресијата на Вилијамс е симптом, а не причина за неговата смрт и дека е клучно ваквите болести да се препознаат и правилно да се дијагностицираат. Таа започна кампањи, соработуваше со медицински експерти и учествуваше во снимањето на документарниот филм „Желбата на Робин“, кој ги осветлува последните месеци од неговиот живот и испраќа силна порака за важноста на разбирањето на невродегенеративните болести

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал
Следна Статија Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Доживотен надомест од 100.000 евра месечно за Георгина ако ја напушти Кристијано Роналдо (ФОТО)

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез планираат наскоро да се венчаат, откако славниот Португалецот се сврши со неа…

August 17, 2025
ЗАБАВА

Тејлор Свифт ја заврши својата турнеја- одржа 149 концерти и заработи над 2 милијарди долари

Тејлор Свифт ја заврши својата, во многу аспекти, турнејата Ерас со рекорди во Ванкувер, Канада, зацврстувајќи го нејзиниот статус на…

December 9, 2024
ЗАБАВА

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

Подготовките и првичните активности поврзани со снимањето на играниот филм, серијата и документарниот филм за Тоше Проески, според најавите, треба…

January 4, 2025
ЗАБАВА

Утре сè ќе ви оди од рака: Ова се адетите за четвртокот по Велигден кој е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден. Има голем број верувања и обичаи за…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?