Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
ЗАБАВА

Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси

Објавено March 8, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.

Хекман (95) починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека Аракава (65) починала од хентавирусен белодробен синдром, респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари. И нејзината смрт е означена како природна.

Властите веруваат дека таа починала една недела пред Хекман, со кого беше во брак повеќе од 30 години.

„Веруваме дека Аракава починала на 11 февруари и разумно можеме да заклучиме дека Хекман починал на 18 февруари“, изјави Хедер Џарел, шефицата на канцеларијата за медицински истраги на Ново Мексико.

Аракава последен пат била видена во јавност на 11 февруари, кога била во дуќан, аптека и продавница за домашни миленици, пред да се врати дома во раните вечерни часови.

„Имајќи предвид дека Хекман имал напредна фаза на Алцхајмеровата болест, доста е можно дека тој не ни бил свесен дека неговата сопруга починала. Хекман имал и значајно срцево заболување и хронично висок крвен притисок и тоа веројатно ја предизвикало неговата смрт. Тој не јадел ништо во последните денови, но не се пронајдени знаци на дехидрација“, додаде Џарел.

Главната ветеринарка на Ново Мексико Ерин Филипс изјави дека заразите со хентавируси се многу ретки. Тие се пренесуваат преку контакт со измет, урина или плунка на глодари, најчесто кога се вдишува контаминирана прашина. Хекман имал негативен тест на хентавирус.

Хекман и Аракава беа пронајдени мртви на 27 февруари, откако маалското обезбедување дошло да провери дали се добро. Нивните тела веќе биле во состојба на распаѓање. Телото на Хекман било во претсобјето, а на Аракава во бањата. И едно од нивните три кучиња е најдено угинато покрај Аракава. Причината за неговата смрт уште не е утврдена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
Следна Статија Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Била ли Мерлин Монро бремена со Кенеди и затоа ли е „замолкната“ – откриени се тајни документи

Мерлин Монро беше многу повеќе од убавица од филмското платно - таа беше симбол на Холивуд, жена која го плени…

April 13, 2025
ЗАБАВА

Прифатете ги советите од овие хороскопски знаци

Во свет каде што секој има мислење за сè, ретко е да се најдат луѓе чии зборови навистина вредат да…

October 27, 2025
ЗАБАВА

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации…

November 15, 2025
ЗАБАВА

Промена на стратегијата за Call of Duty: Помалку повторливи изданија

Компанијата одлучи да го промени пристапот кон издавање на популарната видео-игра серија, со цел подобрување на квалитетот и искуството на…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?