Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната
МАКЕДОНИЈА

Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната

Објавено February 13, 2025 12:29
Сподели
Сподели

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

Министерство за одбрана

На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две третини од сојузничките земји кои ја имаат исполнето оваа заеднички донесена одлука во НАТО.

Министерство за одбрана

Министерот даде полна поддршка и во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО преку исполнувањето на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување. Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра. Додаде дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети и се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на НАТО.

Министерот му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД.  Во попладневните часови, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанокот на Советот НАТО – Украина.

Министерство за одбрана
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агенцијата Ројтерс добила огромни пари од Министерството за одбрана за голема општествена измама
Следна Статија Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот и неколку службени лица во РЕК Битола-Новаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина по пожарот во Трубарево: „Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар…“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина се огласи по пожарите кои изминативе неколку дена го угушија градот. Таа во својот Фејсбук статус…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Безбедносна камера сними дете како „корне“ заштитно столпче во Црниче (ВИДЕО)

На Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ беше споделена видео снимка направена од безбедносна камера на која може да се забележи…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари

Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Македонија, вели дека парламентарната…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?