Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Состојбата е стабилна, но опасна по живот“ – вели Мерџаноски за ученикот кој беше прободен во училиште воЧенто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Состојбата е стабилна, но опасна по живот“ – вели Мерџаноски за ученикот кој беше прободен во училиште воЧенто
ХРОНИКА

„Состојбата е стабилна, но опасна по живот“ – вели Мерџаноски за ученикот кој беше прободен во училиште воЧенто

Објавено May 12, 2026 16:45
Сподели
Сподели

Директорот на Итна помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот кој беше повреден од негов врсник во основното училиште во скопската населба Ченто, јавува ТВ21. Мерџаноски вели дека неговата состојба е стабилна, но опасна по живот.

„Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на главата. По приемот, извршена е компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба денес е стабилна, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот“, изјави за Игор Мерџаноски, директор на Ургентниот центар.

Со соопштение на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, пишува во објавата на Стефковски, кој додаде дека лицето кое го извршило нападот е обезбедено од страна на МВР.

Стефковски изрази најостра осуда на ваквиот чин. „Насилството не може да се оправда со ништо. Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во објавата на градоначалникот на Гази Баба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5 – 6 милијарди евра
Следна Статија Абази негира дека влијаел за запирањето на случајот за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја…

March 24, 2026
ХРОНИКА

„Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Маж нападнат од партнерката, го тепала на паркинг

На 30.06.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје 29-годишен маж пријави дека на 29.06.2025 околу 17:00 часот на паркинг на…

July 2, 2025
ХРОНИКА

„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон

Таткото на Вања и Гоце Трајковски започнале со прибирање на снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?