Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазикк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазикк
БАЛКАН

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазикк

Објавено January 5, 2026 09:43
Сподели
Сподели

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавен преку медиумите во понеделник наутро.

„Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија е внатрешно прашање на соседната земја и не е тема на билатералните односи. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е да биде на јазик достапен за нив. Изборот на Скопје да го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планиран да се спроведе всушност“, се вели во ставот на Министерството за надворешни работи (МНР).

Властите во Софија потсетуваат дека Планот за правата на заедниците е чекор наменет да следи по вклучувањето на Бугарите во уставот, кој сè уште е во тек и кој ќе овозможи на Македонија да отвори преговори за пристапување.

„Во исто време, ги поздравуваме зборовите на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе ги „прифати сите други забелешки“ на бугарската заедница во Планот и сметаме на него дека ќе го одржи ова ветување кон нив“, исто така, велат од Министерството за надворешни работи.

Наспроти овие изјави премиерот Христијан Мицкоски вчера го тврдеше спротивното.

„Иако Акциониот план за заштита на малцинствата беше изготвен како дел од европскиот интеграциски процес на Македонија, Бугарија поднесе забелешка на документот – не поради неговата содржина, туку поради тоа што е напишан на македонски јазик“, изјави премиерот..

Тој посочи дека токму на вакво сценарио предупредувал во разговорите во Брисел: дури и најдобро подготвен план, развиен во консултација со експерти и со учество на јавноста, ќе наиде на отпор од Софија.

„Ниту една земја членка не реагираше, ниту едно малцинство во Македонија не се спротивстави. Единствениот проблем бил – јазикот,“ рече Мицкоски, нагласувајќи дека македонскиот е мајчин и официјален јазик на државата и во меѓународната комуникација.

Премиерот наведе дека сите технички и политички барања биле испочитувани. Во разработката на документот биле вградени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел планот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок – како гест на добра волја.

„Ова повторно покажува дека спорот нема врска со малцинствата, ниту со нивната заштита. Станува збор за нешто многу подлабоко,“ изјави Мицкоски, сугерирајќи дека бугарските реакции се движат надвор од рамката на уставните измени и правата на заедниците.

Од друга страна, и бугарските медиуми потсетуваат пишуваат дека текстот на планот им бил презентиран на англиски јазик на претставниците на македонските Бугари на состанокот одржан на 2 декември. „Добивме 37 страници од сложен текст на англиски јазик.

„Не сите го зборуваме на високо ниво, а уште помалку имаме правна обука. Колку и да успеавме, толку и се подготвивме. Очигледно планот не е наменет за нас“, изјави за агенцијата Георги Царномаров од здружението „Балкански мост“.

Според него, документот што се подготвува не ги штити правата на македонските Бугари и служи како алиби пред европските институции, со цел „да се прикрие ситуацијата и да се стават проблемите под тепих“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изненадување:Silksong победи на Годишната Steam награда
Следна Статија Воините три пати ја победија Џез во драматичен натпревар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Стотици таксисти ги вратија дома студентите кои пешачеа до Крагуевац

Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град…

February 16, 2025
БАЛКАН

На родителите на Данка Илиќ им земаа ДНК, случајот се враќа од почеток

Родителите на Данка Илиќ, Милош и Ивана, уште еднаш одговараа на прашања за теориите на заговор во врска со исчезнувањето…

February 10, 2025
БАЛКАН

Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на…

June 27, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на   трговските синџири в петок, 24…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?