Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
ХРОНИКА

Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Објавено May 21, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе.

На прашање дали сѐ уште го бараат пиштолот, таа одговори дека имаат доволно докази кои укажуваат на вината на сите пет обвинети.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно.

-Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина, рече Трајковска.

Претходно, Обвинителството презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, а воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот.

Во изјава за медиуми, бранителите на Палевски и Видевски побараа вештачење на пронајдената чаура.

Адвокатот Бојан Манев го доведе во прашање недостигот на траги за испукување од оружјето на Боре Видевски во базата на МВР, сметајќи го тоа за контрадикторно. Тој тврди дека има потврда за легалноста на оружјето, но без записи за испукување, што го нарекува пропуст или намерно занемарување.

Адвокатот Јовица Страшевски побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски, критикувајќи го Обвинителството што не ги истражило сите регуларни пиштоли. Според извештаите, чаурата не се поклопува со постоечките податоци, а иако Видевски има легална дозвола за оружјето од 1998 година, нема записи за испукување.

На почетокот од минатото рочиште, во делот на доказна постапка, обвинетиот Љупчо Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, најави дополнение на доказната постапка во делот за имотната состојба на Александар и постапката која се води за денационализација за значителен имот во Кучково.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
Следна Статија Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запален покрив на барака во Бутел

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА. Командантот на Територијалната…

November 12, 2024
ХРОНИКА

19-годишник ќе одговара кривично: Силувал малолетничка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19 -годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка…

October 25, 2025
ХРОНИКА

Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во Марино, скопско,…

November 3, 2024
ХРОНИКА

Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?