Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид
ЕКОНОМИЈА

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Објавено August 14, 2025 13:54
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежните активности на автопатот Кичево – Охрид.

Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму имаме 10тина , ваму имаме 5, 6.

фото: Влада

Така што очекувам и тоа да се заврши, веќе од есен да се работи на стабилизација и на тоа земјиште, односно теренски работи, градежни работи со што целата секција практично од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна за возење. Како што кажа и министерот патот беше предвиден без исклучоци, без стабилизирано земјиште, со многу свлечишта итн., но тоа паралелно се работи и динамиката е задоволителна.

Затоа ние денеска го правиме овој увид за да ги охрабриме компаниите кои што работат дека треба да се заврши за да бидеме автопатски поврзани, и овој автопат кој што се гради да биде конечно завршен после повеќе од една деценија.

Исто така сакам да напоменам дека со несмалена динамика се работи и на други три делници и автопати, тоа се Тетово-Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп- Битола.

фото: Влада

И тоа би ги додал оние два повици, тендерски процедури на две други автопатски делници, а тоа се Букојчани- Кичево и Г.П.Блаце- Скопје. Тие се во фаза на евалуација, поднесување на финансиски понуди и слично. Така што навистина имаме една голема офанзива која што очекувам да резултира со конечно завршување и заокружување на автопатската инфраструктура во Македонија.

Уште еднаш да се заблагодарам на сите компании и работници кои што работат на оваа делница деноноќно и се трудиме што побргу да го завршиме тоа што е почнато пред повеќе од една деценија. Да се заблагодарам на сите оние кои што го користат овој пат, на охриѓани, на стружани на сите кои што живеат тука за трпението, но мораме да го завршиме. Подобро вака, отколку да стои незавршено и да биде споменик на едно време.

фото: Влада

Да се заблагодарам, се разбира и на градоначалникот на Охрид и на пратениците кои што доаѓаат од охридско- струшкиот регион, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на потпретседателот на Владата и министерот за транспорт за фокусот што го имаат секојдневен на овој проект, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции
Следна Статија Албанија користи вештачка интелигенција за да ја победи корупцијата и да се приклучи кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин

Денес во македонската Влада се одржа настан Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ, дел од горивата ќе поевтинат

Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за…

December 10, 2024

Владата го намалува финансиското оптоварување на Southwest Airlines

Министерството за транспорт ја одложува парична казна од 11 милиони долари, нудејќи поддршка за авиокомпанијата

December 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Истата компанија минатиот месец престана да…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?