Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата во Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата во Кавадарци
ХРОНИКА

Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата во Кавадарци

Објавено August 6, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.

Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.

Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Свадба во струмичкиот затвор
Следна Статија (ВИДЕО) Кина го гради највисокиот мост во светот: Погледнете како ја „пресекуваат“ планината за автопатот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска го испрашуваше Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, на денешното рочиште во судот. Ѓорчевски повтори дека…

April 11, 2025
ХРОНИКА

Душко Чифлиганец тешко повреден при возење мотор во Чешка

Душко Чифлиганец, син на Ванчо Чифлиганец, еден од најпознатите градежни инвеститори во земјата и сопственик на „Адора“ групацијата, сепак не…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Последен поздрав: Познато кога ќе биде погребан Панчо

Сопругата Маја и блиските пријатели преку социјалните мрежи споделија информација дека погребот на починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо од…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Човечки коски најдени во шахта во Илинден

Коски за кои се смета дека се човечки се пронајдени вчера во шахта во населбата Илинден кај Скопје, соопшти МВР.…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?