Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со потпишување на писмо на намери на 15 октомври, земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање, најави гувернерот Славески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Со потпишување на писмо на намери на 15 октомври, земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање, најави гувернерот Славески
ЕКОНОМИЈА

Со потпишување на писмо на намери на 15 октомври, земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање, најави гувернерот Славески

Објавено September 24, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан.

Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен – истакна Славески.

Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање од Европската Унија што ќе биде од полза и за македонските граѓани и за македонските претпријатија.

Станува збор за систем за инстант плаќање, за систем во реално време што се извршува за неколку секунди, каде што процесот на порамнување не завршува во 14 или 15 часот туку работи 24/7. Тоа е систем на Европската цнетрална банка. ЕЦБ ја има овластено Банката на Италија да изработи клон и тој клон да го понуди на системот ТИПС на земјите на Западен Балкан. Србија има сопствен систем во рамки на Централната банка и е надвор од тој процес. Во јануари, четири од останатите пет земји од Западен Балкан го имаат потпишано писмото на намери. Наша делегација била присутна во Рим но не знам кои причини не била дадена согласност. Јас уште со самото стапување на функцијата разбрав што се предностите на овој систем, ги направивме консултациите и ја известивме Банката на Италија дека ние сме целосно подготвени да влеземе во тој процес – појасни Славески.

Гувернерот на Народна банка посочи дека за деталите во кој степен ова што го имаме ние како земји кои се уште се надвор од Европската Унија за разлика од земјите од ЕУ, не би можел да говори, но, истакна дека ова е значаен чекор.

Ние ќе се трудиме навремено да бидеме оперативни заедно со сите останати земји од Западен Балкан – подвлече Славески.

На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дел судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, најави Мицкоски
Следна Статија Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Група инжинери со претстaвка до РКЕ: Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоин цена: Пад под $71,000 во азиските часови

Падот беше проследен со остри загуби на азиските и американските технолошки акции, каде загриженоста за врвот на AI инвестициите, истегнатите…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

„Македонски семејни винарии" го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?