Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
ХРОНИКА

Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица

Објавено March 25, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион во Скопје, од каде под закана со лажно оружје одзеле над 650 илјади денари.

– Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со пластични пиштоли во рацете. Едниот од нив на појасот носел и рачно изработена направа од два факли – пиротехника. Влегле во продавницата во која во моментот имало повеќе возрасни вработени лица и купувачи, како и три деца, па на присутните им се заканиле со наводното оружје. Од продавницата, под закана дека ќе нападнат врз животот и телото на присутните, одзеле 554.146 денари и уште 43 ваучери во вкупна вредност од 115.000 денари. Обвинетите потоа ја напуштиле продавницата, меѓутоа во непосредна близина биле затекнати од полициски службеници кои ги уапсиле, информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Заедно со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Навивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!
Следна Статија Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач на „65-ка“ претепал малолетник од Скопје

На 29.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, С.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот на подрачјето на Гази…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Девојка со посебни потреби нападната во хотел, насилникот приведен

На 19.08.2025 во 12:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ц.(36) од Тетово, постапувајќи…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Со месеци делел празнични бонуси за лица кои ни час не поминале работејќи на празник

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Куќа во Гази Баба се запалила во вторникот, а пожарот бил изгаснат и немало повредени. Според информациите од Министерството за…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?