Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“
ХРОНИКА

Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“

Објавено May 7, 2026 11:37
Сподели
Сподели

Фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“ е казнета со 1.400 евра

Агенцијата за храна пред Велигден на Дрисла уништи 40 тони јајца што биле увезени во земјава од Србија, но требало да бидат пласирани на македонскиот пазар како „јајца од македонско потекло“. Во едната пратка беа пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца кои требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски и на таков начин да се загрози конкурентноста на домашното производство.

Неозначените јајца од Србија беа фатени во соработка со Царинската управа во рамки на засилените контроли на увозот на јајца пред Велигден. „Слободен печат“ во АХВ праша како бил санкциониран операторот што ја внел оваа голема количина на јајца во Македонија.

-За сторениот прекршок, на операторот со храна, кој е регистриран во АХВ, изречена му е парична казна во висина од 1.400 евра, а небезбедните необележани јајца беа нештетно уништени на депонијата Дрисла. И во однос на овој оператор со храна, како и за останатите увозници на јајца, на сила се мерките за зголемена фреквенција на инспекциски контроли на увозот и на домашното производство на јајца, велат од АХВ за „Слободен печат“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ обвинува за скандал со тендери во МЕПСО
Следна Статија Европската Унија воведува дигитални возачки дозволи и построги правила за возачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три месеци затвор за скопјанецот што го малтретираше и уби Феликс, за соучесникот казна 1000 евра

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Одредени 30 дена притвор за насилник од Гостивар, нападнал и силувал жена

Основниот суд Гостивар денеска му одредил мерка притвор на гостиварец, кој со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Групна тепачка на бензинска во Карпош: Уапсен 23-годишен скопјанец

Рано утринава полицијата уапси 23-годишен скопјанец поради учество во групна тепачка и нарушување на јавниот ред и мир на бензинска…

October 5, 2025
ХРОНИКА

Одобрена е екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија

Судот во Солун вчера одобри екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се бара за учество во…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?