Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено December 6, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го избраа Христијан Мицкоски за лидер на партијата. Од присутни 817 делегати за негов повторен избор гласаа 804. Ова е негов трет мандат на чело на најголемата партија во Македонија за кој рече дека е негов последен.

Претходно во воведното излагање Мицкоски рече дека Македонија влегува во деценија на зрелот и оти тие се генерацијата што мора да ја постави државата дека може, знае и ќе успее.

„Во времињата на големи предизвици гледаме колку е силно врзивното ткиво врз кое почива една организација. При силните ветришта на вистински тест е конструкцијата, идеологијата и правците по кои се движиме. Примерите на напуштање на идеологијата водат кон идентитетско обезличување, претопување во аморфна маса на индивидуални интереси. Имаме и денес примери на партии кои ги негираа сопствените постулати, па сега се борат за опстанок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините минувало низ големи победи, но и низ порази, и дека партијата секогаш била на тест пред важни одлуки.

„За сите мои одлуки сум спремен да разговарам, но за одлуките на моите претходници ќе цени историјата и идните генерации. Важно е секоја одлука да се гледа во условите во кои е носена“, посочи премиерот.

Мицкоски ја нагласи големината на партијата, која, како што рече, ги носи соништата на многу генерации и е наследник на историското ВМРО. Нема случајност што овој Конгрес е означен како 18-ти – продолжение на низата на историското ВМРО, кое отсекогаш постоело за една цел: Македонија.

Во продолжение, премиерот се задржа на вредностите што ја водат државата напред:

„Во овие години на искушенија научивме дека државата не се гради со зборови, туку со карактер. Иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки. Денес не зборуваме само за програми и мерки, туку за обновата на македонската самодоверба – дека оваа земја не е случајност, туку наследство, не е експеримент, туку избор и завет.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје
Следна Статија Македонските ракометарки одиграа нерешено со Словенија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски отфрли можност за предвремени парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски одби можност за предвремени избори. Рече дека следната година пред државата има големи предизвици. -Дали ќе има…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во…

May 5, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со власта заради личен интерес

Социјалдемократскиот сојуз и денеска тврди дека неговиот член и порано кандидат за претседател работи против интересите на партијата. Со остар…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?