Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спасовски понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Спасовски понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ
ПОЛИТИКА

Спасовски понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ

Објавено November 26, 2025 12:32
Сподели
Сподели

Уште една потврда дека врие во СДСМ по катастрофалниот дебакл на локалните избори. Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во ТВ Сител откри дека понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.

-Понудив оставка во моментот кога требаше да се поднесе резолуцијата за Бугарија, истакна Спасовски во гостувањето на Сител.

Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата на дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.

Како што кажа, токму поради тој предлог-курс побарал да не ја извршува повеќе координаторската позиција.

Спасовски додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори.

Тој смета дека СДСМ може да се опорави само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што останале пасивни, но не и политички префрлени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина пејачот Шпат Касапи, син на екс пратеничка на СДСМ
Следна Статија Тајван задоволен што Трамп не го споменал островот во извештајот за разговорот со Џи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на…

June 10, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)

Современа и ефикасна општина не се гради само со улици, паркови и згради – таа се гради со доверба. Доверба…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ветува дека во првите 100 дена од мандатот…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?