Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа
БАЛКАН

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа

Објавено August 5, 2025 19:52
Сподели
Сподели

Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска мрежа што учествувала во организирањето на „обоената револуција“ во Србија, објави БГНЕС.

Во „Универзитетска завера“, како што е насловен првиот дел, Бугарија е наведена прва како земја што учествувала во „институционалното уништување и дехуманизација“ на Александар Вучиќ. Филмот посветува посебно внимание на Универзитетот во Ниш. За професорката Наталија Јовановиќ, која е пранешен ректор на Филозофскиот факултет, се вели дека била под директна контрола на Бугарија, па именувана е како „оперативен лидер на шпионската ќелија“. Директно се споменува поранешниот бугарски конзул во Ниш, Георги Јуруков, преку кого таа „создала длабок канал со бугарските медиуми и универзитетски кругови, вклучително и со професор Христо Бонджолов од Универзитетот во Трново“. Во филмот се наведува дека професорката потпишала бројни договори со бугарски образовни институции и на тој начин им дозволила на странски финансиски играчи директно да учествуваат на Филозофскиот факултет во Ниш, без знаење на надлежните образовни институции.

За шпионажа и учество во субверзивна мрежа директно се обвинуваат и други личности од Србија и Бугарија, а по нападите врз бугарската држава, дипломатите и научниците, во филмот почнува кампањата против хрватските, британските, германските и американските дипломатски мисии и служби, за кои работат „локалните предавници и агенти“.

Авторите на оваа „истрага“ се познати по уште една слична „анализа“ во која се негира геноцидот во Сребреница, извршен од босанските Срби во 1995 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари
Следна Статија Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени

Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени, случај што предизвика…

February 21, 2026

Над 2.000 години затвор за екс градоначалник на Истанбул, побара турското обвинителство

Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник…

November 11, 2025
БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

Кој беше Костас Симитис: Прв грчки премиер што дојде во Скопје, се залагаше да се најде прифатливо решение за името

На 88-годишна возраст утрово ненадејно почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК Костас Симитис, кој за време…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?