Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи
ЕКОНОМИЈА

Средба на Ангеловска-Бежоска и Сојузот на средношколците: Финансиска едукација наместо финансиски совети од инфлуенсери на социјалните мрежи

Објавено April 9, 2025 17:23
Сподели
Сподели

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да биде заменета со совети од влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со членовите на Сојузот за средношколци, којашто се одржа во рамките на Глобалната недела на парите, којашто оваа година се одржува под мотото „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“. „Динамичните промени во финансискиот систем мора да бидат придружени со соодветни промени во образовниот систем, за да имаме младина којашто е подготвена активно да се вклучи во сите текови на општественото делување“, посочи Ангеловска-Бежоска и ги повика младите да бидат љубопитни, да прашуваат, да истражуваат и постојано да ги надградуваат своите знаења, бидејќи тоа е најдобриот начин да ја обликуваат својата иднина преку одлуки засновани на информации и мудро управување со ресурсите.

Истражувањата покажуваат дека околу една третина (31%) од младите на возраст од 18 до 21 година во Обединетото Кралство се потпираат на извори на интернет, вклучително на влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи за насоки и информации во областа на финансиите, од кои 25% се потпираат главно на „Тик-ток“.

„Во светот којшто се менува со невидена брзина, во предвечерието на петата индустриска револуција, финансиското знаење не е повеќе луксуз, туку е суштинска потреба. Според начинот на кој управуваме со нашите финансии, ги донесуваме одлуките и ги разбираме економските текови, се обликува не само нашиот личен напредок, туку и стабилноста и напредокот на целото општество“, истакна гувернерката, поддржувајќи ја иницијативата на Сојузот на средношколци, коишто преку презентација ја претставија важноста на финансиската едукација за младите.

Податоците од последните мерења од страна на ИНФЕ-ОЕЦД за финансиската писменост во нашата земја укажуваат дека младите на возраст од 18 до 29 години имаат 54% од вкупните бодови за финансиски знаења, што е малку под просекот од регионот којшто изнесува 56%, но сѐ уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија. Во еврозоната, во 2021 година, 95% од младите на возраст од 15 до 24 години имале сметка, наспроти 74% од младите кај нас, исто така 90% од младите поседуваат дебитна или кредитна картичка, а кај нас 52%. Исто така, 82% од младите во еврозоната имаат некаква заштеда, а во нашата земја само 50% од младите. Дури 93% од младите во еврозоната направиле дигитално плаќање, наспроти 64% од младите кај нас. Сепак, позитивни придвижувања се забележуваат кај штедењето, при што јазот е намален од 40 на 32 п.п. и кај дигиталните плаќања од 40 на 29 п.п. во споредба со 2014 година.

„Овие бројки не треба да нè обесхрабрат, туку напротив – треба да нè мотивираат да поттикнеме промени. Тоа значи дека постои простор за подобрување преку едуцирање на најмладите уште од ученичките клупи, со заеднички напори како од страна на финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор, така и од страна на образовните институции“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан
Следна Статија Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки остануваат исти, Народната банка го задржува внимателниот пристап

Каматната стапка на благајнички записи останува на истото ниво од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се олеснува кредитирањето при купување прв стан, вели Славески

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јазот се проширува: Внатре во К-образната економија на Доналд Трамп

За време на вториот мандат на претседателот, богатите стануваат поуште побогати, а сиромашните стануваат поуште посиромашни

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?