Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Објавено June 26, 2025 17:34
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

Посебно внимание на средбата ѝ беше посветено на улогата на централните банки во справувањето со инфлацијата. Притоа беше посочено дека и покрај успешното справување со инфлацијата во светски рамки, ризиците се присутни и понатаму. Променливоста на Светските пазари на примарни производи се соочуваат со зголемена променливост, под влијание на постојаните геополитички тензии. Ова е особено важен фактор за малите и отворени економии, како што е македонската, во кои голем дел од производите се увезуваат, а храната и енергијата имаат големо учество во вкупната потрошувачка.

Гувернерот Славески посочи дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Тој потенцира дека Народната банка, како и досега, внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.

Гувернерот Славески и амбасадорот Рокас ја истакнаа важноста од пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како стратегиски чекор за економска и финансиска конвергенција кон Европската Унија, коешто се очекува да има значајно влијание врз конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.

На средбата беше истакнато дека Народната банка остварува плодна соработка со Делегацијата на Европската Унија во спроведувањето на својата стратегиска ориентација и во процесот на усвојување на најдобрите практики и стандарди коишто сѐ повеќе ја приближуваат до Европскиот систем на централни банки, преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дошла од Австралија, ја прегазиле во Охрид
Следна Статија Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Словенија и одржа лекција по економија на Европа

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија…

October 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството…

October 3, 2024

Акциите на индискиот оператор на KFC и Pizza Hut Девјани скокаат поради спојување со конкурентниот франшизер Сафир

Два главни франшизери на Yum! Брендс во Индија ќе се спојат за да создадат единствен франшизер за KFC и Pizza…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?