Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови
ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Објавено April 26, 2025 16:05
Сподели
Сподели

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата и во јакнењето на нејзината отпорност. За овие достигнувања и за натамошните предизвици се разговараше на серија средби што ги оствари гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествува заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и со нивните тимови.

Зајакнатата отпорност се согледува преку растот на девизните резерви коишто се повисоки за околу 40% во споредба со преткризниот период, што во голема мера е резултат на солидните приливи на странски директни инвестиции. Тие не само што имаат краткорочно позитивно влијание врз економската активност, туку го зголемуваат и долгорочниот потенцијал за раст на економијата. Во 2024 година, тие достигнаа 7,1% од БДП, едно од највисоките нивоа на странските директни инвестиции во нашата земја.

На средбите со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор, Јерон Клик, заменикот на извршниот директор, Марникс ван Риј, како и со шефот на Мисијата на ММФ, Анет Кјобе, беше исто така оценето дека е зголемена и отпорноста на банкарскиот систем, што е видливо преку значителното зголемување на капиталната позиција овозможувајќи солиден кредитен раст. Нашиот банкарски систем оствари најголем раст на адекватноста на капиталот во регионот, но и во споредба со земјите од Европската Унија.

„Надворешното окружување сепак е непредвидливо и неповолно, што може да се согледа и преку најновите проекции на ММФ со кои светскиот раст се ревидира надолу, а за процесот на дезинфлација се очекува дека ќе биде побавен. Исто така, ризиците за состојбата на светско ниво се претежно надолни, заради трговските војни и непредвидливите трговски политики. Во вакви околности, како централна банка и во иднина ќе им бидеме доследни на нашите политики за одржување на стабилноста во економијата, водејќи сметка за неизвесноста во светот и за домашните предизвици. Нашата цел е јасна – стабилен девизен курс и ценовна стабилност како темел за одржлив економски раст“, рече гувернерката.

Беше разговарано и за најновиот Светски економски преглед на ММФ, според кој светската инфлација и натаму ќе опаѓа до 4,3% во 2025 и 3,6% во 2026 година (минимална нагорна ревизија за по 0,1 п.п. од прегледот во јануари). Намалувањето и натаму ќе биде побрзо во напредните економии, додека земјите во развој и економиите во подем ќе се соочат со малку побавно приближување кон целите. ММФ препорачува внимателни економски политики и акцент на структурните реформи коишто ќе ја поддржат долгорочната стабилност.

На пролетните средби заедно со гувернерката учествуваат и вицегувернерот Фадил Бајрами и вицегувернерката Ана Митреска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов протестен марш во Кочани: Ќе ги прикривавте ли соучесниците ако ова беа ваши деца?
Следна Статија Германски пожарникари возеа 3000 км за лично да донираат во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Алибаба предводи пад на технолошкиот сектор по кратко објавување на црната листа на Пентагон

Групацијата Алибаба предводи распродажба на акции на кинески технолошки компании по привремено додавање на некои од најголемите имиња на списокот…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Охридското Езеро станува нова дестинација – Туркиш ерлајнс на својата мапа го постави Охрид

Охрид и охридското крајбрежје станува нова дестинција за турските туристи и сите останите кои сакаат да ги истражат и да…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Глобалните обврзнички приноси достигнаа 16-годишен врв поради намалени очекувања за намалување на каматните стапки

Глобалните обврзнички приноси пораснаа на нивоа последен пат видени во 2009 година пред клучниот состанок на Федералните резерви, сигнализирајќи загри

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков,…

July 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?