Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици
МАКЕДОНИЈА

Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици

Објавено March 7, 2026 14:24
Сподели
Сподели

Околу 200 ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули.

Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

Новото средно полициско училиште ќе биде двегодишно (трета и четврта година) и ќе запишува средношколци на возраст од 15-16 години, кои првите две години ги завршиле во кое било четиригодишно средно училиште во државата. Учениците ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште.

Средното полициско училиште – Полициска академија се формира со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август поради недостигот од формализирано средно полициско образование.

Откога е укинато училиштето постои основна полициска обука на кандидати од 18 до 25 години, избрани на јавен оглас, кои по една година во Центарот за обука засноваат работен однос во МВР. Тоа, според иницијаторите за основање на новото средно полициско училиште, не овозможува рана и целосна подготовка на идните полицајци. Врз основа на компаративни искуства на земји од регионот, сметаат дека училиштето ќе обезбеди континуирано, структурирано и квалитетно образование уште од средношколската возраст и ќе подготви кадар кој од првиот ден на професионалната кариера ќе поседува теоретски знаења и практични вештини во согласност со безбедносните стандарди и потребите на државата.

За да бидат примени учениците ќе треба да исполнат општи услови (државјани на Македонија, помлади од 18 години, активно користење на македонскиот јазик, здравствена и психофизичка способност) и посебни услови што ги пропишува министерот за внатрешни работи.

М-р Влатко Митковски, помошник на министерот на Центарот за обука на МВР, за МИА вели дека откога се најави отворањето на полициското училиште, на нивната фејсбук-страница постојано добиваат прашања за детали во врска со наставата и кога ќе биде објавен конкурсот. За да ги информираат учениците што завршуваат втора година планираат посети на средните училишта во државата.

Во согласност со роковите од законот, вели Митковски, Министерството за внатрешни работи околу 1 јули на својата веб-страница ќе го објави јавниот повик за прием на ученици, по што заинтересираните ќе поминат повеќе проверки – здравствени, психофизички, ќе полагаат тест за општо знаење, тест за интегритет и ќе имаат интервјуа пред комисија која ќе ја прави селекцијата на кандидатите.

Тие што ќе бидат примени, од 1 септември ќе имаат бесплатно сместување и исхрана во интернатот на Центарот за обука на МВР во Идризово.

„Тестот од општо знаење и психофизичките проверки ќе носат најмногу бодови, а успехот од првите две години средно е последен фактор во рангирањето, но ќе влијае доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови. Во зависност од бројот на кандидати, проверките за селекција ќе бидат закажани во неколку термини. Нема да има квоти за девојки и за етнички припадности затоа што полицијата не ја делиме по некоја основа. Кога ученикот ќе матурира станува полицаец и има загарантирано работно место. Со завршено средно влегуваат на работа. Размислуваме во иднина тие да имаат мала предност и наместо како досегашните кандидати на основна обука кои почнуваат како помлад полицаец, директно да почнат како полицаец. Ќе бидат распоредени во секторите за внатрешни работи од каде што доаѓаат. Најмногу ќе се бара за Скопје и, бидејќи СВР Скопје ќе прерасне во Оддел за внатрешни работи, ќе имаат и поголеми плати, во согласност и со проблематиката и обемот на работа во однос на другите градови. Идејата е од средното полициско да излегуваат кадри кои во иднина ќе бидат раководни во МВР“, изјави Митковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Prozkoumání funkcí odemčených po přihlášení na Mostbet
Следна Статија Legacy Of Kain: Defiance Remastered Switch Versions Hit With Last-Minute Delay – Nintendo Life

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска едночасовни блокади на сообраќајот на родителите на жртвите во „Пулс“

Од денеска, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?