Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
ЕКОНОМИЈА

Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола

Објавено September 11, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Српската Алта Банка и официјално може да настапи со понуда за купување на Стопанска банка Битола, по цена за акција од 3.777 денари откако доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ М-р Бујаре Абази донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција.

Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола. При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, се вели во објавата од 65-та седница на Комисијата за хартии од вредност.

Понудата ќе се смета за успешна, доколку акционерите на Банката продадат минимум 70,03 отсто од акциите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФБИ пронајде пушка, чевли и отпечатоци од напаѓачот на Кирк
Следна Статија Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје,…

March 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Николоски на…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еврото добива нов модерен дизајн – еве што ќе има на новите банкноти

Европската централна банка (ЕЦБ) најави целосно освежување на банкнотите на еврото, со нови дизајни инспирирани од две главни теми —…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?