Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српскиот атентатор со македонски пасош од времето на СДСМ планирал бегство од затвор во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српскиот атентатор со македонски пасош од времето на СДСМ планирал бегство од затвор во Украина
БАЛКАН

Српскиот атентатор со македонски пасош од времето на СДСМ планирал бегство од затвор во Украина

Објавено June 12, 2026 13:54
Сподели
Сподели

Балканските атентатори во Украина планирале бегство од затвор и тврделе дека биле „продадени“ по неуспешниот атентат врз Радоје Звицер, пишува украинскиот медиум „detective-info.com.ua“.

Балканските платени убијци кои во мај 2020 година се обидоа да го ликвидираат лидерот на црногорскиот Кавачки клан Радоје Звицер, во елитниот киевски комплекс „Новопечерски Липки“, додека престојувале во украинскиот затвор бр. 1 разговарале за деталите од неуспешниот атентат и разработувале сценарија за сопствено ослободување и бегство од правдата.

Ова произлегува од делумно објавените комуникации преку шифрираниот систем Sky ECC, презентирани пред Вишиот суд во Подгорица.

Станува збор за разговори на корисник со кодна ознака 92TSA1, за кого се претпоставува дека од летото 2020 година го користел Стефан Ѓукиќ .

Според објавените материјали, токму Ѓукиќ, кој во Украина првично користел документи на 35-годишен државјанин на Македонија по име Каце Герги, во летото 2020 година бил во контакт со лице поврзано со системот на украинската полиција. Наводно, за сума од 2,5 милиони евра му било ветувано ослободување.

И покрај предупредувањата од неговите блиски дека станува збор за измама и обид за извлекување пари, Ѓукиќ бил убеден дека ќе излезе на слобода.

„Ќе излезам, само гледајте. Не знаете каква земја е ова. За пари тука сè е можно. Нас четворица ќе дадеме два милиона за да ме пуштат и да ми дозволат да избегам“, наводно порачал тој во една од комуникациите.

Според претходни информации објавени од Detective-Info, преку посредници и адвокати на уапсените биле обезбедени значително подобри услови за престој во киевскиот притворски центар. Освен сместување во подобрени ќелии, на осомничените им биле овозможени и средства за комуникација.

Во разговорите со свои сонародници, корисникот 92TSA1 го опишувал и текот на подготовките за атентатот врз Звицер. Тој изразувал уверување дека четворицата извршители, кои според истрагата биле поврзани со групата на Алан Кожар, однапред биле жртвувани од нарачателите на ликвидацијата.

„Шкаљарците нè подготвија за апсење“, се наведува во една од пораките.

Во повеќе комуникации, Ѓукиќ тврдел дека украинските безбедносни служби уште од почетокот биле запознаени со планот за ликвидација на Звицер и дека атентаторите биле под надзор

„Полицијата нè следеше уште од почетокот, но успеавме да им избегаме и ги сменивме телефоните. На крај завршивме во населба каде стан од 50 квадрати вреди два милиона евра и каде секој метар е под видео надзор“, се наведува во една од пораките.

Откако бил притворен, Ѓукиќ почнал да се сомнева дека групата била предадена од лице идентификувано како Кусков, кое наводно било нивна врска во Украина.

„Не сфативме дека некој нè мести уште од почетокот. По завршувањето на работата требаше да нè пречекаат, да ни ги предадат парите и да ни обезбедат излез. Наместо тоа, Кусков нè испрати кон Одеса. Застанавме покрај патот, а по неколку минути се појавија специјалци. Нè продадоа на класичен начин“, раскажувал тој.

Во јули 2020 година, додека престојувал во Луќановскиот притворски центар, Ѓукиќ разговарал и за можни сценарија за бегство. Во комуникациите се споменува план за совладување на чуварите и обид за прескокнување на оградата на затворот, за која верувале дека на одреден дел нема електрична енергија.Ваквиот план никогаш не бил реализиран.

Во истиот период, четворицата Балканци се запознале со криминалниот авторитет Кирил Островски, кој важел за неформален претставник на криминалните кругови во притворскиот центар. Во нивните разговори тој бил нарекуван „менаџер на крадците“.

Петар Јовановиќ, Милан Бранковиќ, Стефан Ѓукиќ и Емил Тузовиќ веќе шест години се наоѓаат во притвор во Украина. Тие се обвинети за обид за убиство на Радоје Звицер, извршен на 26 мај 2020 година во Киев.

Според истрагата, двајца од осомничените – Ѓукиќ и Тузовиќ – го пресретнале Звицер во дворот на комплексот „Новопечерски Липки“ и испукале околу десет куршуми кон него. По нападот избегале и го запалиле возилото што го користеле.

Според некои информации, за успешна ликвидација на Звицер биле ветени околу 600.000 евра. Сепак, лидерот на Кавачкиот клан го преживеал нападот, а според медиумските извештаи, клучна улога во неговото спасување имала неговата сопруга Тамара Звицер, која во моментот на нападот земала оружје и возвратила кон напаѓачите.

Извор Detective-info.com.ua

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бразилска мафија навлегува на Балканот
Следна Статија Еве што ќе гледаме денеска на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Инцидент во Косово: По расправија за паркинг, се врати со калашников и испука рафал пред фирма

Невидена драма го потресе Пеќ кога маж, револтиран од расправија за паркинг, се вратил на местото со квадбајк и испукал…

July 20, 2025
БАЛКАН

(Видео) Масовна тепачка во Загреб, се степале доставувачи

Низ социјалните мрежи се прошири видео од масовна тепачка пред Мекдоналдс во Загреб. Конфликтот наводно се случил вчера вечер околу…

October 28, 2024
БАЛКАН

Милановиќ за странските работници: И нашите деца треба да ги работат овие работи, ние сме разгалени

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денес учествуваше на церемонијата на доделување награди по повод Денот на градот Загреб. „Загреб, нашиот…

May 31, 2025
БАЛКАН

Мерц: Црна Гора практично е подготвена да влезе во ЕУ

Црна Гора е практично подготвена да се приклучи на Европската унија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по дводневниот самит на…

June 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?