Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје
ХРОНИКА

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Објавено October 10, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за криумчарење цигари.

Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски најави поликлиника во Општина Кисела Вода
Следна Статија (ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“,…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Малолетнички се онесвестиле на базен, откако се напиле алкохол уште сабајле

Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во болница откако наводно купиле алкохолни пијалаци од вработена во продавница во градот, па…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

Во врска со настаните од прославата на 28 ноември, Денот на албанското знаме, случајот е расчистен во насока на тоа…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?