Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците

Објавено June 2, 2026 13:07
Сподели
Сподели

Од Сојузот на синдикати на Македонија – (ССМ) велат дека „Наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права ,,Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на работниците или на претпоследното место , но за разлика од минатогодишниот извештај, оваа година и со вклучени обсервации на сериозни дополнителни прекршувања на правата на работниците и синдикатите и влошени состојби кои резултираа со големи работнички протести, а сето тоа отварајќи го патот Република Македонија полека, но сигурно да се приближува до срамното последно место (5- тото место е за државите каде што работниците немаат гарантирани работнички права), што е за очекување со односот на власта и работодавачите, а со тоа и свесно туркање на Македонија со држави кои покажуваат очајни резултати кога станува збор за положбата на работниците и нивните права и слободи меѓу кои и оние права на слободно синдикално здружување, кое нешто нашата држава не смее да си го дозволи“.

Од ССМ на Фејсбук пишуваат дека „во воведниот дел од Извештајот, на прво место е нотиран срамниот настан кој се случи во месец февруари, 2026 година и тоа по одржување на еден од најголемите работнички протести во поновата историја на Република Македонија, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и со учество на илјадници работници кои се охрабрија и се придружија на синдикалните преставници на улица, протестирајќи за зголемување на своите плати, и тоа настанот кога Претседателот на ССМ и неговото семејство беа цел на следење преку објавување на снимки од нивниот приватен живот објавени на социјалните медиуми, а сето тоа од страна на пратеници на владеачката политичка партија кои наместо ваквото срамно дејствување, треба да вршат улога на народни претставници, кое нешто е оценето како грубо кршење на правото на приватност, особено ако се има предвид дека во снимките се вклучени малолетни деца и членови на семејството кои немаат никакво улога во синдикалните активности на Претседателот на ССМ нотирани се како голем прекршок“.

Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реконструкција на Владата ќе има во втората половина од јуни
Следна Статија Сиромаштијата во Германија достигна највисоко ниво од 2020 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше…

August 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?