Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата
МАКЕДОНИЈА

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Објавено April 30, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и нивните поддржувачи на протест за најмалку 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите други плати и почитување на колективните договори. Минатата година претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кога повикуваше на првомајски протест, рече дека од новата Влада ќе побара покачување на минималната плата уште во првите сто дена, но една година подоцна барањето не е исполнето, па и утрешниот првомајски протест ќе биде со истите барања.

„Нашите барања не се од денес, не почнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите што ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега, тие се најниски во регионот, а да не зборуваме и за пошироко. ССМ ги повикува сите што му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, Први мај, во 11 часот, да ни се приклучат на работничкиот протест со рута на движење Собрание – Стопанска комора – Влада. Денеска, синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат, да демонстрираат и да протестираат, а не да прославуваат. Денеска, имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

На утрешниот протест, Трендафилов, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема да има сендвичи, но ќе се протестира за работниците да може да се изборат не само за сендвич туку за да може да обезбедат далеку повеќе работи за семејствата.

Протестот ќе почне утре во 11 часот пред Работничкиот дом.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори
Следна Статија Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!

Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гласноговорник за Фросина. Да…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само 62 Бугари се пријавиле за гласање на избирачките места во Македонија

Само 62 бугарски државјани се пријавиле за гласање, односно 1.8 проценти од вкупните 3504 граѓани кои се декларирале како Бугари…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

За Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила, порача денеска…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Нема веќе протести пред Собрание

Во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието, спикерот Африм Гаши најави дека со…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?