Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра
ЕКОНОМИЈА

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

Објавено March 3, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари. Синдикатите бараат минималната плата да изнесува 500 евра, а придонесите на разликата од висината на минималната плата до 30.000 денари да ги субвенционира државата.

Од Владата оставаат да се договорат синдикатите и работодавачите, додавајќи дека немаат ништо против ако работодавачите можат да исплаќаат минималец повисок од законскиот, но дека субвенционирањето придонеси не е во агендата на Владата. 

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска се очекува до Владата да го достави предлогот со кој ќе побара зголемување на минималната плата и на сите останати плати. Оттаму за денеска во 12 часот закажаа прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на ССМ.

Според ССМ, 24.400 денари колку што би била минималната плата согласно законското усогласување се премалку за работниците имајќи ги предвид трошоците на живот. Затоа се надеваат дека работодавачите ќе покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање, а Владата ќе ја одигра клучната улога да ги субвенционира придонесите за разликата од 24.400 до 30.000 денари.

Од ССМ велат дека минималната плата треба да обезбеди минимум материјална сигурност за работниците.

Работодавачите се согласни да се зголеми минималната плата, но бараат Владата да им помогне со субвенционирање на придонесите. За висината на минималната плата ќе се разговара на седница на Економско-социјалниот совет што треба да се одржи кон средината на овој месец.

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска во телевизиско гостување во саботата рече дека ако работодавачите можат да исплаќаат повисока сума од законската како Влада немаат ништо против, но дека не може да ги субвенционираат придонесите.

-Како ќе се договорат работниците и работодавачите во рамки на Економско-социјалниот совет, каде има претставници и од едните и од другите, ние како Влада ќе го прифатиме тоа што ќе се договорат. Платата треба да биде заснована на продуктивност и доколку одговара тој износ што го договараат, ние апсолутно ќе го поздравиме тоа, односно, доколку едната страна смета дека може да испорача продуктивност на она што ќе го договорат како минимална плата и другата страна дека ќе може да го исплати согласно законските обврски кои никогаш не сме рекле дека ќе ги менуваме, тоа ќе го поздравиме и ќе продолжиме да го почитуваме, рече министерката за финансии.

Зголемување на минималната плата на 500 евра вчера побараа и од опозициската СДСМ од каде посочија дека зголемувањето е неопходно и дека со него ќе се поттикне раст и на останатите плати.

-Економските индикатори и факти за животот во Македонија зборуваат јасно – животниот стандард на граѓаните е во постојан пад, додека Владата не презема никакви конкретни мерки за да ја подобри економската состојба. Не само што не презема ништо, туку и не прифаќа ништо понудено до СДСМ, а тоа се докажани мерки за намалување на трошоците за живот. Фактите покажуваат дека цените растат неколкукратно побрзо од платите и граѓаните од ден во ден можат да си дозволат сè помалку, посочи Шукова.

Минималната плата сега изнесува 22. 567 денари. Доколку не се постигне договор меѓу социјалните пратнери, минималната плата ќе изнесува околу 24.400 денари. Согласно законот, усогласувањето на минималната плата се прави преку следните параметри – 50 проценти од порастот на трошоците на живот за 2024 година и 50 проценти од порастот на просечно исплатена нето плата во во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Најзачинетата“ шега на Конан О’Брајан: Сега е време Ламар да излезе тука и да го нарече Дрејк „педофил“ (ВИДЕО)
Следна Статија Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму.…

February 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влез на трет мобилен оператор, за Македонија да не биде обележана со црна боја на европската мапа

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува бројот на странски инвестиции во земјава

Официјално почна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трет мобилен оператор во Македонија: Процедурата за лиценца веќе започна – потребата за поголема конкуренција е непоходна, вели Николоски

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека повеќе нема никаква дилема околу потребата за воведување трет мобилен оператор во Македонија. Тој посочи…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?