Органите и телата на СДСМ oд понеделник ќе дебатираат за учеството на пратеничката од оваа партија Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“. На состанокот на телата на опозициската партија ќе се донесе одлука за порашешната министерка за одбрана.

– Во однос на конкретното прашање ќе одговорам конкретно, органите на партијата ќе дебатираат во текот на следната недела – рече Филипче.
Ова не е прв пат СДСМ да дискутира за политичките неистомисленици и за нивни санкции. Прво на удер беше Јован Деспотовски, па Петре Шилегов и сега Петровска.Најдлеку се отиде со поранешениот градоначалник на Скопје за кој лидерот на СДСМ најави исклучување од партијата но потоа се стиша бидејќи одлука за исклучување треба да најпрво од општинската огранизација на СДСМ во Карпош но таму нема поддршка Шилегов да биде исклучен.
