Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти
МАКЕДОНИЈА

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти

Објавено December 28, 2025 11:01
Сподели
Сподели

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени врз основа на Лаекенските индикатори за сиромаштија.

Најизразен ризик од сиромаштија е забележан кај децата и младите до 17 години, каде што стапката достигнува високи 29,5 проценти. Особено алармантна е состојбата кај самохраните родители – речиси секое второ такво домаќинство живее под прагот на сиромаштија, односно 45,8 проценти.

Кај возрасната популација од 18 до 64 години, како и кај лицата над 65 години, стапките на сиромаштија се пониски, но родовите разлики остануваат присутни. Жените се посилно погодени, особено во повозрасната група, каде што сиромаштијата изнесува 20,7 проценти, наспроти 19,5 проценти кај мажите.

Според економскиот статус, сиромаштијата не ги заобиколува ниту вработените. Кај лицата со работа, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што го потврдува постоењето на феноменот „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај редовен ангажман не остваруваат доволни приходи за пристоен животен стандард. Кај пензионерите, стапката е повисока и изнесува 12 проценти, што укажува на зголемена ранливост, особено во услови на растечки трошоци за живот.

Анализата според типот на домаќинства покажува значителни разлики. Најранливи се самечките домаќинства и оние со издржувани деца. Освен самохраните родители, висок ризик од сиромаштија е забележан и кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца, каде што 54,8 проценти од членовите живеат под прагот на сиромаштија.

Кај семејствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца, стапката на сиромаштија изнесува 17,1 процент. За оваа категорија, прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно.

Податоците покажуваат и умерено ниво на нееднаквост во распределбата на приходите. Џини коефициентот во 2024 година изнесува 29,1 процент и претставува важен индикатор за социјалната кохезија во земјата.

Сите податоци се добиени од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува според методологијата и препораките на Европската Унија. Прагот на сиромаштија е дефиниран како 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход на домаќинствата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ова е моментално најстудениот град во светот, температурите би можеле да паднат и до -60!
Следна Статија Почина славната актерка Брижит Бардо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците

Друштвото за градежништво Енерго максистем ДООЕЛ Скопје е новиот сопственик на атрактивната градежна парцела во Гевгелија, која беше конфискувана од…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат, соопштија од Транспорт

Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нѐ резилеше каде стигне: Пет години од „Цар Самоил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такви ствари“

Пет и пол години поминаа од „легендарното интервју“ на Зоран Заев, првиот македонски премиер кој во интервју порача дека со…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на вестите во Сител Телевизија зборувајќи за наводните доцнења на социјална помош, истакна дека Владата…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?