Уште една измама во Скопје со лажна сообраќајна несреќа. 71-годишна жена била измамена за сума од 36.300 евра.
Како што информираат од МВР, вчера (16.10.2025) во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300 евра.
Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција.
Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.