Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
ЕКОНОМИЈА

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Објавено October 26, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми.

Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што ќе трае до крајот на март следната година. Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од најпосакуваните дестинации од страна на нашите патници. Истиот ден на распоредот за летање се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а се враќа и линијата до Келн.

Од 30 март 2026 година двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Виз ер ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден авиокомпанијата отвора нова дестинација за одмор во Италија – Неапол, дестинација за која очекуваме многу голема побарувачка. На 30 март 2026 година, Аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид ќе биде поврзан со Милано. Десеттата нова дестинација е линијата од Скопјe до Женева, која ИзиЏет ќе ја врати на 3 ноември.

Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство во зимската сезона од 26 октомври до 28 март следната година од Скопје ќе се лета до Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих. Дестинациите од Охрид се: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.

Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток, а фоксуот во иднина ќе биде насочен и на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство.

Можности за воспоставување нови директни авиолинии се отвораат и со Договорот за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, што го потпишаа вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски и англискиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер на 23. месецов во Лондон.

Двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, во првите девет месеци од годинава опслужиле 2.585.096 патници, што е зголемување од шест проценти во споредба со истиот период лани. Преку Меѓународниот Аеродром Скопјe се превезени 2 375 264 патници, што е за 5,4 процент повеќе од минатата година, а Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележа двоцифрен пораст од 16,2 процент со 209.832 превезени патници.

Во истиот период има зголемување и на бројот на летови – за три проценти во споредба со минатата година, односно на двата аеродрома се опслужени 20.141 лет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Следна Статија Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 19…

November 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До почетокот на туристичката сезона ќе биде готов патниот правец од Охрид до Свети Наум

Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката…

March 10, 2025

Dow Jones Идни договори: С&П 500 достигна рекордно затворање; Nvidia и Google покажуваат сигнали за купување

Пазарниот опфат беше тесен во вторникот, но С&П 500 постави рекордно затворање.

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во јули граѓаните повеќе се задолжувале за потрошувачки и станбени кредити, а помалку за автомобилски

Долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули се искачи на 8,546 милијарди евра. Од нив 4,200 милијарди евра…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?