Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стоичков доби дрес од Македонија, легендите предводени од Хаџиевски го победија шампионскиот тим на Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Стоичков доби дрес од Македонија, легендите предводени од Хаџиевски го победија шампионскиот тим на Бугарија
СПОРТ

Стоичков доби дрес од Македонија, легендите предводени од Хаџиевски го победија шампионскиот тим на Бугарија

Објавено April 28, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Фудбалот е спорт кој секогаш обединува и носи насмевки на лицата на огромен број фанови ширум светот, па дури и во моменти на голема тага поради трагедијата која се случи во Кочани, легендите на Македонија и Бугарија (шампионскиот тим од СП во 1994. година) покажаа дека спортот знае да преовлада и за хуманитарни цели.

Натпреварот кој беше од хуманитарен карактер се одигра ова попладне во Варна, а легендарните играчи на двете земји се погрижија за извонредна фудбалска претстава во која видовме пет погодоци.

Христо Стоичков како капитен на домашниот тим доби дрес од македонската фудбалска репрезентација пред стартот на натпреварот, а потоа доби и громогласни аплаузи од публиката кога излезе од игра во 8-та минута.

Во услови на фудбалска ревија, резултатот беше во втор план, но сепак вреди да се одбележи дека избраниците на Ѓоко Хаџиевски кој денеска беше селелктор, на крајот извојуваа победа од 2:3.

Божинов, Пандев и Тасевски беа стрелци на погодоците за нашиот тим, додека Бугарија во два наврати израмнуваше на 1:1 и 2:2 преку Камбуров и Михтарски.

Собирот на легендите и на сите присутни фудбалски навивачи во Варна беше организиран со една јасна цел, а тоа е да се соберат финансиски средства за семејствата кои ги загубија најблиските во трагедијата во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мислам дека Зеленски е спремен да го предаде Крим на Русија, кажа Трамп
Следна Статија Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов. Како што…

July 7, 2025
СПОРТ

Kaлин напредуваше 438 места на АТП листата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места…

July 13, 2026
СПОРТ

Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако…

May 8, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го претставија новиот дрес

Препознатливата жолта боја со црни детали повторно доминира во дизајнот, кој е направен во соработка со спортскиот бренд Пума. Позитивните…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?