Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната
СВЕТ

Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната

Објавено October 12, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Мораме да направиме се што можеме за да спречиме терористите и нерегуларните мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната, порача данскиот министер за имиграција и интеграција Расмус Стоклунд по повод денешниот старт на имплементацијата на новиот електронски Систем за влез/излез на надворешните граници на Шенген зоната.

Од клучно значење е да одржуваме ефикасна контрола врз државјаните на трети земји што влегуваат во Шенген зоната, за да можеме да ја зајакнеме безбедноста на надворешните граници. Со ЕЕС системот ќе стане полесно да се следи кој ги преминува нашите граници – порача Стоклунд, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

ЕЕС системот, кој од денеска е оперативен во 29 европски земји – сите членки на ЕУ, без Ирска и Кипар, и плус Исланд, Норвешка и Швајцарија, се очекува да ја зајакне безбедноста на границите и да ја зголеми ефикасноста за патниците при минување преку граничните контроли.

Со новиот систем дигитално ќе бидат евидентирани секој влез и излез на државјаните од трети земји кои не се дел од ЕУ во членките на Шенген зоната, при што од нив ќе бидат земани податоците од пасошот и отпечатоци од прсти и ќе бидат фотографирани при првото минување на границата по стапувањето во сила на ЕЕС.

Преку дигитално регистрираните пасошки и биометриските податоци, EEС ќе нуди информации во реално време за тоа дали лицата кои ја минуваат границата го почитувале дозволениот период на престој во Шенген зоната без виза до 90 дена и ќе помогне за значително намалување на измамите со идентитетот.

EEС ќе биде воведуван постепено на одредени гранични премини и со помалку функционалности во наредните шест месеци, по што треба да стане целосно оперативен од 10 април 2026 година на сите гранични контролни пунктови на копнените премини, аеродромите и пристаништа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
Следна Статија Новата „суперхрана“ која го намалува ризикот од срцеви удари и рак – чини само 100 денари!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри,…

September 24, 2025
СВЕТ

Kaко Трамп „прави“ пари и во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, инвестираше огромни суми пари во различни сектори од почетокот на неговиот втор мандат. Критичарите го…

August 26, 2025
СВЕТ

Патниците во САД ќе мора да платат нова такса од 250 долари

Посетителите на Соединетите Американски Држави во иднина ќе мора да платат таканаречена „такса за интегритет на визата“, според одредба во…

July 18, 2025
СВЕТ

Хаос на улиците на Франција: Досега уапсени над 200 демонстранти, полицајците гаѓани со камења (ВИДЕО)

Најмалку 200 лица беа уапсени на протестите што се одржаа на околу 50 локации низ Франција, а француските медиуми објавија…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?