Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

Објавено November 14, 2025 18:10
Сподели
Сподели

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал.

„Овој буџет е крвна слика на економската политика што ја води оваа Влада а тоа е политика на раст, политика на фискална консолидација и политика во вложување на човекот и развојните проекти. Ова е буџет кој покажува што сакаме да стане Македонија а тоа е држава којашто произведува, која гради, која инвестира, која привлекува капитал, држава којашто го намалува дефицитот и долгот преку раст и дисциплина, а не преку нови сметки на грбот на граѓаните“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5% а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% со што невработеноста би се намалила на 10%.

„Се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6%, со што невработеноста треба да се спушти на околу 10%. Вкупните приходи во државната каса за 2026 година се планирани на околу 374,9 милијарди денари, а вкупните расходи на 414,2 милијарди денари. Тоа значи буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари, или 3,5% на БДП, што е пониско од 2025 година, кога изнесуваше 4% и 41,3 милијарди денари. Даночните приходи и придонесите заедно достигнуваат 335,9 милијарди денари, што е 16,7 милијарди повеќе раст од околу 5,3% во однос на ребалансот 2025“, рече Стојаноски и додаде:

„Разликата од минатото е во следново, тогаш се задолжуваа за да преживеат месец за месец, денес задолжувањето е планирано, со јасни цели отплата на стари скапи долгови и финансирање капитални проекти. За 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за наставниците за професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, и за работниците во оваа држава“.

На крај Стојаноски објасни дека трансферите кон општините би се зголемиле на 36 милијарди денари, социјалните трансфери и пензии за 13 милијарди денари со што пензиите за 9,7%.

„Трансферите кон општините се зголемуваат на 36 милијарди денари, или 7,4% повеќе од ребалансот, социјални трансфери и пензии се зголемуваат за 13 милијарди денари, и тоа пензиите за 10 милијарди денари односно 9,7%. Кога ќе го погледнеме буџетот за 2026 година бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна има реални приходи, контролирани расходи, дефицит што се намалува, високи капитални инвестиции, раст на плати и пензии, силна поддршка за општините“, дециден е Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина
Следна Статија Стружанец крадел струја – кривично ќе одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ минимално поевтинување на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло…

April 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република  Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко. На…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8%

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.Според СБ,…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?