Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: СДС и ДУИ здружени и во опозиција гласаат против закони во корист на безбедноста на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: СДС и ДУИ здружени и во опозиција гласаат против закони во корист на безбедноста на граѓаните
ПОЛИТИКА

Стојаноски: СДС и ДУИ здружени и во опозиција гласаат против закони во корист на безбедноста на граѓаните

Објавено January 24, 2026 14:49
Сподели
Сподели

Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДС и ДУИ. СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Те не им чинело едно, те друго, те мислеле ќе злоупотребуваат податоците на граѓаните. Тука се поставува едно логично прашање, што правеа додека беа на власт заедно седум години, ако толку нешто не чини, или беа и се уште се здружени само за лични цели.

Зошто нивниот министер Оливер Спасовски, не направи ништо по прашањето за безбедност на граѓаните во сообраќајот?

Дека е користен проектот безбеден град, поточно систем за граѓаните говори и статистиката.

Првиот ден кога стартуваше, беа регистрирани околу 110 илјади прекршоци, а за само 24 часа бројката на сообраќајните прекршоци е намалена за половина или на околу 50 илјади прекршоци.

Што се однесува до жртви на патиштата. Бројката на жртви во сообраќај во Република Македонија е 65 лица на еден милион жители, а европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители или во Македонија има четвртина повеќе од европскиот просек.

Во декември 2025 година и јануари оваа година, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи.

СДС и ДУИ се против систем кој придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да се грижи и да носи мерки и закони корисни за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
Следна Статија ССМ на 28. јануари излегува на протест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес

Техничката влада е последната линија на одбрана од целосно заробување на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес…

January 9, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по резултатите од првиот изборен круг се заблагодари на граѓаните за, како…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Ветуваа скандинавски стандард, а денес храната стана луксуз

Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче сака на лидерска да се разговара за реформите и националните интереси, ќе предложи агенда в понеделник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека в понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?